Learn More About Peace Corps

Peace Corps in Macedonia

Country flag

Red tile roofs of a Macedonian town Planting together

МИРОВЕН КОРПУС - МАКЕДОНИЈА

Од 1996 година, па сé до денес, повеќе од 200 доброволци на Мировниот Корпус соработуваа со нивните колеги од Македонија. Сега би сакале и Вас да Ве поканиме да се вклучите.

ШТО Е МИРОВНИОТ КОРПУС?

Тоа е американска владина организација, основана во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди, посветена на светскиот мир и пријателство. Трите цели на Мировниот Корпус до денес остануваат непроменети:

  • Да обезбеди доброволци што ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
  • Да им помогне на луѓето од земјите домаќини да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
  • Да им помогне на луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите ширум светот.

КАКО СЕТО ТОА ФУНКЦИОНИРА?

Доброволците живеат и работат во локалните заедници две години. Тие не примаат плата, а Мировниот Корпус ги покрива сите нивни трошоци за живеење.

Доброволците работат и во рурални и во урбани средини; во региони каде што се зборува и македонски и албански јазик; тие предаваат англиски јазик, се вклучуваат во еколошкото образование и работат со невладини организации и со локалната самоуправа. Со цел подобро да се подготват за нивниот престој, тие имаат обука за изучување на јазикот, културата и традицијата, и обично имаат само елементарно познавање на македонскиот и/или албанскиот јазик кога ќе пристигнат во нивните работни средини.

Организациите што прифаќаат доброволец треба да овозможат работен простор за доброволецот како и да именуваат соработник, којшто ќе му пружи помош и надзор.

Доброволците имаат примарни, но вклучени се и во секундарни активности - на пример, еден доброволец што работи со локална НВО, може да биде ангажиран и во подучување на младинска спортска група. Освен во секојдневните активности во училиштата и невладините организации, доброволците се поттикнуваат да учествуваат и во други активности на заедницата.

КОИ СЕ ДОБРОВОЛЦИТЕ НА МИРОВНИОТ КОРПУС?

Тие се Американци со најразновидно потекло: припадници на разновидни етнички групи, возрасти и религии, со најразлични способности и искуство.

Тие не поседуваат извори на средства за проекти, имаат основно познавање на јазикот и не се технички експерти. Тие не се владини службеници и немаат дипломатски статус.

Нивната решеност да станат доброволци е од различни причини: да стекнат работно искуство, да ги споделат своите вештини, да научат повеќе за светот и да направат позитивни промени во однос на светот во кој живееме. Сепак, сите тие имаат нешто заедничко: искрена желба да научат повеќе за земјите-домаќини.

Затоа сметаме дека Мировниот Корпус Македонија е понуда за “give and take”.

  • Училиштата, општините и невладините организации соработуваат со луѓе со ентузијазам, вештини за тимска работа, со нови идеи и нови начини на решавање на проблемите.
  • Луѓето од Македонија стекнуваат подобро разбирање за Американците.
  • Сите заедно градат долготрајни пријателства.
  • Од друга страна, организациите им овозможуваат незаборавно работно искуство на овие мотивирани Американци.
  • Луѓето од Македонија им помагаат на Американците да стекнат подобро разбирање за нивната земја.

Ни претставува особена чест што Македонија одлучи да ни се придружи во нашите настојувања за ширење на меѓусебното пријателство и разбирање.

Постои една американска поговорка што вели: “give and take”. Тоа значи дека некој мора да “даде” малку од себе, но и да добие за возврат. Ова е извонреден начин да се опише искуството што се стекнува од соработката со Мировниот Корпус.